Plus size моделка: Отворено им кажувам на дизајнерите каде грешат

1 август 2014

Триша Кембел е модел и поранешен моден дизајнер, па дури соработувала и со Опра. Таа е plus-size модел, а она што веќе подолго време сака да го направи е да им помогне на нејзините колешки, а и сите жени со облини, да го сменат погледот и начинот на кој што се чувствуваат во нивната облека.

Таа, како и сите слични на неа, се свесни дека дизајнерските примероци многу влијаат на тоа како парчињата ќе и' прилегаат на реална жена. Триша има совршени пропорции за plus-size модел, па затоа сака да помогне во процесот на еволуицја на модната индустрија кога оваа група е во прашање.

-Моето искуство ме прави посебна, па затоа отворено им кажувам на дизајнерите што не им е добро во дизајнерското решение. Така на пример, ќе посочам дека вертикалните, широки риги не изгледаат многу убаво на жена со големи облини. Можеби треба да се обидат со потесни. Кога имате слаб модел, речиси се' што ќе ставите на него изгледа во ред. Но, не е исто и за нас. Тие мора да знаат што му соодветствува на „пополнето“ тело - вели Кембел.

Триша со колешките-моделки Триша со колешките-моделки

За таа цел, Триша сподели неколку тајни и искуства, со цел да им помогне на сите жени што се соочуваат со слични проблеми.

-Како plus-size модел, мора да знаете од кој агол изгледате најдобро. Тоа е прво. Но, и да сте и да не сте модел, мора исто така добро да знаете кои бои и принтови ви прилегаат. Постојат одредени нешта што дизајнерите ќе ги наметнат како тренд, (или ако сте модел ќе ви дадат да го облечете), а тоа не соодветствува на жените што се plus-size - вели моделот.

Но, таа потенцира на уште еден многу важен момент.

-Голем број од дизајнерите не се самите plus-size, а овој дел од модната индустрија е специфичен. Така, некогаш тие не знаат што е она што на нас ни е потребно и што сакаме. Но, јас сум некој што живее во тој „свет“ и знам што жените со облини скаат да носат. Сакаме да ги покажаме нозете. Сакаме да носиме мини здолниште. Сакаме топ со едно рамо. Сакаме да ги покажуваме рамениците. Некои дизајнери се многу осетливи кога ќе им сугерирате, но откако ќе видат дека продажбата им оди одлично, почнуваат да ви веруваат - споделува Триша.

Моделот посочува на уште еден проблем со кој се сочуваат жените со облини. Една plus-size големина на облека не им соодветствува на сите жени.

-Примероците од парчињата што потоа ги гледате на писта се прават во големина 46. Моментално во plus-size индустријата има три категории. Првата е за повозрасни жени со големина 48. Следната категорија е наречена „современа“ и ги опфаќа оние од 46-48. Всушност тоа се најчесто жени од 25 до 40 години. А третата е „junior plus-size“ категорија, за оние од 13-та до 25-тата година. Тие најчесто носат парчиња со големина од 44-46. Во модната индустрија, јас сум позната како модел за втората или третата категорија - објаснува Кембел.

На крајот, Триша потенцира дека е сосема во ред и жените со облини да сакаат и да ги следат трендовите.

-Кога почнав да се занимавам со ова, не викаа модели за „Мама големина“, што воопшто не беше во ред. Сега, во модниот свет знаат дека plus-size жените ја сакаат модата - сакаме да изгледаме свежо, тренди, како и нашите слаби пријателки - искрена е моделката.

Објавено:
1 август 2014
Категорија: 
Актуел