Пјер Берже(1930-2017)

Почина човекот кој го создаде брендот Ив Сен Лоран

12 септември 2017

Филантроп, бизнисмен и активист, почина на 8-ми септември. Заедно со Ив Сен Лоран направија револуција во 20-от век и модата. Тие двајца беа визионери на едно време и тие се можеби и најзначајната појава во модната индустрија. Пјер Берж почина на 86 годишна возраст после долго боледување во неговиот дом во Сен Реми, јужна Франција.


Пјер ќе го запознае Сен Лоран на погребот на Кристијан Диор. Нивната љубов ќе биде опишана во многу раскази, биографски книги, документарци и навистина таа љубов, разбирање и поддршка која ја имаат взаемно е фасцинатна и единствена. Од една страна Ив Сен Лоран како креативец и страствен дизајнер, од друга страна Пјер интелектуалец, бизнисмен.Тие ќе ја изменат сликата и перцепцијата за мода во светот. Од ready-to-wear, парфеми, па се до аксесоари кои го носат брендот во секој момент.


Тие двајцата неверојатно се надополнувале еден со друг и го искачуваат брендот на самиот врв.
„Без тебе јас немаше да бидам никој и ништо. Без мене, јас мислам дека ти немаше да бидеш тоа што си денес. Ние сме двоглав орел кој ги плови сите мориња, го освојува светот и навистина мислам дека пред се тоа си само ти“ - ќе му напише во едно од своите писма Ив Сен Лоран на Пјер Берже.


По смртта на Ив, Пјер во еден документарец ќе ги покаже сите уметнички слики и скулптури кои ги имале во својот заеднички апартман и раскажува како тој одел редовно на сите изложби и аукции да купува уметнички дела, затоа што Сен Лоран бил пасиониран колекционер. По неговата смрт тој сите дела ќе ги даде на аукција на Кристи велејќи дека сега кога го нема Ив, единствениот начин да се му биде полесно и да продолжи со животот е да се ослободи од спомените кога живееле заедно.


Пјер Берже во модните кругови е познат по тоа што ќе го извлече големиот дизајнер од светот на пороците и ќе му ја врати самодовербата. Нивната љубов била огромна, но стабилноста во истата била во рацете на Пјер. Велат ако не инвестирал Берже после смртта на Диор, најверојатно немаше да постои Ив Сен Лоран.

користени фотографии од Guardian,Buro 24/7 Mexico 

Објавено:
12 септември 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
319 пати