Почина основачката на модната куќа Карвен

9 јуни 2015

Madam_Carven_dies_02

Легендарната француска модна дизајнерка и основачка на модната куќа Карвен, Мадам Карвен почина во 105-тата година од жиотот.  Таа беше една од почитуваните француски дизајнери, што во далечната 1945 година ја основаше модната куќа со цел на секоја жена, независно колку е ниска или ситна, да и' ја овозможи Високата мода.

Токму затоа, беше главна конуренција на Елса Скиапарели и Коко Шанел.

-Одлучив да дизанирам парчиња од Висока мода во своја големина, затоа што бев премногу ниска за да ги носам креациите на врвните кутуриери, кои својот дизајн воглавно го прилагодуваа на високите девојки. Сепак, сакав да го задржам и својот стил, приземјен, практичен, младешки со доза на спортска лежерност - изјави таа во една пригода.

Madame Carven

Во текот на својот живот таа доби бројни признанија, а во 2009 година францускиот Националниот ред на Легијата ја прогласи за Командант на Легијата на честа, што е најголемото признание за цивилни заслуги.

Објавено:
9 јуни 2015
Категорија: 
Актуел