Почни од нула – работилница за личен развој

23 декември 2015

Дали би сакале да го промените својот живот? Новата година традиционално е времето да кажеме стоп, да превземеме одговорност и да поставиме позитивни цели за животни промени. И секако, тоа не значи да се фокусираме само на диети и вежбање. Подобрувањето на квалитетот на својот живот е широка, сеопфатна и многу важна тема.

Запомнете: Денеска е почетокот на остатокот од вашиот живот!

Не постои ниту една добра причина да живееме со проблемите од минатото. Само сегашноста е онаа која можеме да ја менуваме и секако заедно со неа и иднината. Никогаш не е доцна.
Ако сте едни од оние кои навистина посакуваат следната година да биде најсреќната, најисполнетата, најуспешната и најубавата година во вашиот живот, тогаш ние ви нудиме прекрасен подарок – мотивација, поддршка, едукација и многу љубов – сето тоа спакувано во еден дводневен проект од работилници за одличен старт на новата 2016 година:

ПОЧНИ ОД НУЛА!

После успешно организираната Прва регионална конференција за личен развој „Слободата доаѓа однатре", овој проект е во организација на веќе испробаниот тим: Лукс Интегра и Илина Ведран.
Се состои од дводневна програма на внимателно одбрани работилници каде што ќе можеме во првиот ден да се ослободиме од сето она што не спречува и блокира во тоа да бидеме оние личности кои целиот живот посакуваме и знаеме дека можеме да бидеме, а во вториот ден заедно со помош на исклучителните тренери и предавачи преку заедничка работа и водство, да ги поставиме целите и желбите за идната година и со многу љубов да ги испратиме на патот кон остварување.
Мора да се потсетиме на она што веќе го знаеме – СÈ Е ВОЗМОЖНО! Затоа ајде да одвоиме време само за нас кое ќе го посветиме на она што нам ни е најважно за да бидеме и да имаме сè што посакуваме. Време е.

Програма на работилниците:

ПРВ ДЕН – 26.12.2015 (сабота)
10:00 – 12:45
КОЈ СУМ ЈАС И ВО ШТО ВЕРУВАМ?
На оваа работилница ќе ги пронајдеме верувањата стекнати за време на детството кои што влијаат на нашиот живот сега, ќе освестиме што е тоа што навистина сакаме, а сме спречени да го имаме, ќе ги пронајдеме одговорите за нашите врски, финансиската ситуација, кариерата и здравјето. Ќе научиме како да го сакаме детето во нас и колку е важен тој однос во нашиот живот, а сето она кое не ни е потребно заедно ќе го отпуштиме.
12:45 – 13:45
ПАУЗА ЗА РУЧЕК
12:45 – 16:30
КАКО ЗРАЧИМЕ, ТАКА ПРИВЛЕКУВАМЕ (работилница за работа со енергија)
Оваа работилница има за цел подлабоко да ве запознае со вашиот енергетски систем, неговите функции, неговото влијание врз нашиот живот и можностите истиот да се унапреди со енергетска работа.
Ќе имате можност да се запознаете со:
- Основниот енергетски систем
- Да ги осознаете функциите на енергетските центри (чакри) на физичко и психолошко ниво
- Поврзаноста на чакрите со несвесното, со нашите болести, емоции, ментални обрасци и духовноста.
- Како да ги прочистите и енергизирате чакрите за да ги одржувате во балансирана состојба
- Да дознаете како животот и неговото унапредување зависи од хармонијата во енергетското поле.
- Точката на баланс и нејзиното активирање
И уште многу повеќе...
16:30 – 17:00
ПРОСТУВАЊЕ
Љубовта е единствената цел, но како да стигнеме до таму? Преку вратата на простувањето. Минатото е само во нашите мисли, во нашиот ум и кога ќе се ослободиме од сето она кое не држи заглавени ќе и посакаме добредојде на љубовта во нашиот живот. На оваа работилница ќе работиме на ослободување од емоциите на гнев и бес и потоа ќе простиме на сите оние кои допринесоа да се чувствуваме така, едноставно ќе се ослободиме од минатото и ќе и дозволиме на безусловната љубов да се всели во нашето срце.

ВТОР ДЕН – 27.12.2015 (недела)
10:00 – 12:45
ПРВИТЕ СТРАНИЦИ ОД МОЈОТ НОВ ЖИВОТ
Сите во себе поседуваме моќ која може да не доведе до чудесни промени.Ослободувајќи се од минатото ние го правиме првиот чекор кон животот кој што го посакуваме, на тој начин ослободуваме место за новите и прекрасни верувања кои ќе не оснажнат и ќе бидат дел од нашите нови искуства.
На оваа работилница ќе научиме како да користиме афирмации и визуализации за да ги креираме своите нови искуства и сето тоа ќе го зачиниме со мноогу љубов.
12:45 – 13:45
ПАУЗА ЗА РУЧЕК
12:45 – 16:30
МОЈАТА ВИЗИЈА ЗА СРЕЌА
Оваа работилница ќе ви овозможи да си ги поставите и да ги одговорите клучните прашања за животот:
- Кој сум јас?
- Каде се наоѓам сега?
- Што сакам јас?
- Како тоа фа го постигнам?
Ќе работиме на:
1. Личните вредности
2. Цели и како тие се поставуваат за да бидат остварени
3. Како целите се поврзуваат со личните вредности
4. Акционен план за остварување на целите
5. Како да креираме живот кој ќе нè исполнува?
6. Како да ги надминеме гремлините во нашата глава?
7. Како, во секое време да имаме пристап до ресурсите кои ни се потребни?
16:30 – 17:00
ИЗНЕНАДУВАЊЕ 

Цена за учество: 2000 денари
Настанот ќе се одржи во Хотел „Гранд Тцц Плаза" на 26 и 27 декември.
Телефони за пријавување, контакт и информации:
+389 (75)205 922 Лукс Интегра
+389 (76) 269 268 Илина Ведран

Важно: Можноста да се присуствува само на некои од работилниците е исклучена бидејќи целиот проект е разработен на начин на кој постепено се работи на темите и би требало да бидете присутни на сите работилници за да се постигне посакуваниот резултат.

Објавено:
23 декември 2015
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
731 пати