Погледнете ги двојниците на семејството Версаче

22 јуни 2017

Уште пред да се објави, веста за тоа како ќе изгледа кастингот за серијата „Убиството на Џани Версаче“ побуди голем интерес. Тој стана уште поголем кога веќе знаевме кој ќе ги толкува главните улоги.

Магазинот „Entertament Weekly“ отиде чекор понатаму и на последната насловна страна се наоѓаат токму „двојниците“ на Версаче.

фото:ew.com/ALEXEI HAY

За потсетување, Едгар Рамирез ќе биде Џани Версаче, Пенелопе Круз ќе се најде во улогата на Донатела Версаче, Рики Мартин ќе го толкува ликот на љубовникот на Џани, Антонио Д’Амико, додека Дарен Крис ќе го толкува ликот на убиецот на дизајнерот, Ендрју Кунанан.

Едгар Рамирез како Џани Версаче; фото:ew.com/ALEXEI HAY

Дарен Крис како Ендрју Кананан; фото:ew.com/ALEXEI HAY

Освен насловната страна, за потребите на магазинот е направен и едиторијал, како и разговор со главните актери.

фото:ew.com/ALEXEI HAY

-Оваа серија има сè – секс, насилство, сензуалност, дизајн, убавина – совршена, драматична приказна – вели Рамирез.

Пенелопе Круз како Донатела Версаче; фото:ew.com/ALEXEI HAY

Пенелопе Круз не крие дека учеството во ваква серија е голем предизвик.

-Сакав да бидам дел од оваа приказна, но знаев каков предизвик ме чека. Многу ми е драго што темата се третира со голема почит, бидејќи сепак се работи за реални личности – изјави актерката.

Рики Мартин како Антонио Д'Амико; фото:ew.com/ALEXEI HAY

Рики Мартин е фасциниран од можноста да се биде во куќата на Мајами Бич.

-Да снимате на местото каде што се снимало сè е луксуз. Се движите низ собите и можете да ја почувствувате приказната зад нив – искрен е Мартин.

фото:ew.com/ALEXEI HAY

За потсетување, дизајнерот Џани Версаче е убиен во 1997 година, од страна на Кананан, во неговата куќа во Мајами Бич. Канана бил социопат, кој со години бил опседнат со дизајнерот.

фото:ew.com/ALEXEI HAY

Инаку, убиството на Версаче всушност ќе биде третата сезона од серијата „American Crime Story“ и се очекува да се емитува следната година. Во првата го гледавме судскиот процес „The People v O.J. Simpson“, втората ќе биде посветена на жртвите од ураганот Катрина.

Сценариото за третата пак, ќе биде адаптација на книгата на Мерилин Орт, „Vulgar Favors“, а режијата ќе биде на Рајан Марфи.

Во продолжение погледнете го и видеото со сцени зад снимањето на насловната страна на магазинот.

Објавено:
22 јуни 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.558 пати
Извор: 
ew.com