Погледнете ги фантастичните костими со кои Бијонсе и Џеј Зи ја отворија турнејата!

27 јуни 2014

Конечно се случи и првиот концерт од долгоочекуваната турнеја на единствените Бијонсе и Џеј Зи, и како што многумина очекуваа, вечерта беше фантастична!

Концертот почна со нивната добро позната „03 Bonnie and Clyde“ за која сексипилната Бијонсе се појави со транспарентна маска поставена преку лицето и секси корсет во црна боја со транспарентни, мрежести делови креирано од Версаче.

Нејзиниот сопруг пак, за почетната песна се одлучи за малку покласично издание, односно црно палто во комбинација со широки панталони, маичка во пруги, црни очила за сонце, капа и добро познатите аксесоари.

Талентираната музичка дива подоцна во шоуто носеше уште една одлична креација на Версаче, овојпат, тотално колоритно боди со долги ракави во грчки стил од пред – есенската колекција на брендот за 2014.

Што се однесува до нејзината посилна половина, за време на изведбата на неговата одлична „99 Problems“ Џеј Зи одбра тренди дрес од колекцијата на Родарте, но и кожена јакна, панталони и маичка од колекцијата на американскиот бренд BLK DNM.

За една од изведбите, прекрасната Бијонсе се појави и во секси тексас костим со долги ракави со сребрен патент на средината и црн ремен со сребрени крилја на средината што дополнително и ја истакнуваше половината.

Она што најмногу ги остави без зборови нивните обожаватели е тоа што за време на изведбата на „Young Forever“ двајцата музички магнати за прв пат објавија " target="_blank">видео од нивната свадба што се случи пред шест години заедно со неколку досега необјавени фотографии од нивната 2 – годишна ќерка Блу Ајви.

По Мајами, се планира двојката да одржи концерти во рамки на турнејата на уште најмалку 13 други места низ САД ова лето.

Објавено:
27 јуни 2014
Категорија: 
Актуел