Погледнете ги модните Мињони

27 јули 2015

Малите жолти суштества се апсолутен тренд ова лето. Не само во филмската индустрија, каде сосема ги срушија рекордите на благајните во кината ширум светот, туку и во модниот свет.

Откако се појавија на насловната страна на британското издание на Вог, мињоните се покажаа како инспирација за мноштво модни додатоци, креации, но и илустрации.
 
Така, онлајн магазинот Stylight дојде на идеја познатите лица од модната индустрија да ги прикаже како Мињони.
 


Оваа симпатична пародија е насловена како The Minionistas, а Карл Лагерфелд, Жан Пол Готје, Сузи Менкес, Марк Џејкобс се дел од модните Мињони. Погледнете:
Алекса Чанг
Ана Винтур
Донатела Версаче
Кара Делевињ
Карл Лагерфелд
Марк Џејкобс
Сузи Менкес
Вивијан Вествуд
Жан Пол Готје
 
 
 
Објавено:
27 јули 2015
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
792 пати