Погледнете ги првите фотографии за филмот „Убавицата и ѕверот“

3 ноември 2016

После многу претпоставки и монтажи, излезе првата официјална и вистинска фотографија од филмот „Убавицата и ѕверот“. Ексклузивата ја има магазинот „Ентертејмент Викли“, а токму таа ја краси насловната страна на последното издание.

Конечно ја видовме Ема Вотсон како Бела. Инаку, ѕверот ќе го толкува Ден Стивенс.

-Не можам да се сетам колку пати сум ја гледала оваа бајка како дете. Ги знаев сите реченици на памет. Исто така и песните – вели Вотсон во интервјуто за магазинот.

Премиерата, која обожавателите на оваа бајка, „Дизни“ и актерката со нетрпение ја очекуваат, е закажана за 17-ти март 2017 година.

Официјалното промо видео беше пуштено уште во март годинава, но за сите вас што не успеавте сè уште да го погледнете ви го презентираме во продолжение:

Објавено:
3 ноември 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.204 пати