Погледнете го бутикот на Ванг во Лондон

5 август 2015

Со излегувањето од Баленсијага, дизајнерот Александар Ванг го најави и отворањето на бутикот во Лондон, што и се случи.

Зданието од 625 метри квадратни се протега на три ката, а пред да стане бутик на Ванг, на приземје била пошта, а на првиот кат имало уметничка галерија.

Просторот е поврзан со големи централни скали, а индустриските елементи одлично се вклопуваат во естетиката на Ванг, каде доминираат нијанси на црна и сива боја.

Проектот е на белгискиот архитект Винсет Ван Дујсен.

Сите што ќе имаат можност да го посетат бутикот на Ванг во Лондон, во приземјето се сместени модните додатоци, женските чанти, чевлите и производите од кожа. На првиот кат се наоѓа колекцијата Т by Aleksander Wang.

Инаку, изборот на локација за новиот бутик не е случајна. Лондон не само што е едно од најголемите европски пазари, туку е и првиот интернационален пазар кој го поддржа Ванг.

Ова првиот самостоен бутик на дизајнерот во Европа, но 25-ти во светски рамки.

Објавено:
5 август 2015
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
740 пати