Магазинот „Харперс Базар“ неодамна освои награда за „Најдобар моден едиторијал“ на одржаните годишни награди „Swipecast Awards“.

Приказната насловена „Think Pink“, се издвои од конкуренцијата, односно успеа да победи преку 500 пријавени едиторијали.

Зад фотографиите се потпишува Дание Риера, а стилист е Џоана Хилман. Сите комбинации се во нијанси на розова, а за модел е ангажирана Амито Лагум.

Едиторијалот беше објавен во декемвриското издание на магазинот и ви го презентираме во целост во галеријата.

А еве ги и останатите наградени:

 

Најдобра насловна страна има магазинот „i-D“, за есенското издание.

 

Најдобар едиторијал за убавина го има француското издание на „Вог“.

 

Најдобрата кампања за женска мода е прогласена на „Баленсијага“, за есен-зима 2016 година.

 

Наградата пак, за најдобра кампања за убавина ја доби брендот „H&M“, за есен 2016.

 

За мажи пак, најдобра насловна страна е онаа на „Fucking Young“ за есен 2016.

 

Најдобриот машки едиторијал го има магазинот „The Greatest Magazine“, исто така за сезона есен-зима 2016.

 

И на крајот, најдобрата кампања за машка мода ја доби „Гучи“.

Објавено:
20 март 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
337 пати