Погледнете ја есенската кампања на „Сваровски“

12 август 2016

Брендот „Сваровски“ за есенската кампања ги собра дел од најпознатите модни имиња на едно место. Кампањата носи наслов „Брилијантна инспирација“, а во фокус е ставена креативноста на одбраните личности од модната фела.

Фотографиите се на Тим Вокер, а пред неговиот објектив застанаа Карли Клос, која воедно е и новиот амбасадор на брендот, потоа Џејсон Ву, Мери Катранзу, Кејт и Лаура Маливеј (бренд „Родарте“), Шарлот Олимпија и Том Браун.

Секоја од фотографиите вклучува Сваровски кристали аплицирани на различни предмети или креации – боди, актовка, јакна...

Шарлот Олимпија

Едвард Енинфул

Исамаја Френч

Џејсон Ву

Карли Клос

Мери Катранзу

Родарте

Том Браун

Објавено:
12 август 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.646 пати