Популарната манекенка е новото заштитно лице на Фенди

9 јануари 2017

Иако не ѝ се предвидуваше успех што ќе го мери со нејзината сестра Џиџи, сепак Бела Хадид ваквите песимистички предвидувања ги демантираше на најдобар можен начин.

Магазинот models.com неодамна ја прогласи за модел на годината, а имаше низа соработки со светски брендови, меѓу кои последната, а и една од најзначајните е онаа со модната куќа Фенди чие заштитно лице станува годинава.

Таа ја објави веста на нејзиниот Инстаграм профил потенцирајќи дека годината ја почнува на најдобар можен начин, како и тоа дека и се остварува сонот да работи на кампања со легендарниот Карл Лагерфелд.

Инаку таа порано потврди и дека е одбрана за заштитно лице на спортскиот гигант Најк, како и за бјути амбасадор на престижната куќа Диор.

 

Објавено:
9 јануари 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
410 пати