Попусти и до 70 проценти во Елена Лука!

8 август 2018

При крајот на летото, време е да инвестирате во некои клучни парчиња кои секоја дама би требало да ги има во својот плакар.

Ваквите парчиња сега ќе ги најдете ексклузивно во модната куќа Елена Лука и тоа на неверојатен попуст од дури 70 проценти.

Во салонот на модниот бренд сега можете да ги купите омилените бели панталони, совршеното кусо здолниште, белата must have кошула, а ќе најдете и огромен избор на фустани на неверојатен попуст.

Како и секогаш, модната куќа и овојпат нуди голем избор на парчиња во кои ќе се вљубите на прв поглед, а таму дефинитивно ќе го пронајдете вашиот фаворит.

Наш денешен предлог за must have од модната куќа Елена Лука е оваа тренди комбинација составена од две шик парчиња на намалување до 70 проценти.

Комбинацијата е составена од едноставна бела маичка со логото на модната куќа, надополнета со шармантно здолниште во прекрасна сина боја.

Ваквите памучни маички се едни од омилените ова лето, бидејќи се одлични за комбинирање со бројни парчиња, како џинс со висок струк, куси панталони, како и разни здолништа.

Синото здолниште пак, на совршен начин го доловува топлото лето и е соодветно за бројни прилики во кои дамите сакаат да се издвојат од толпата.

Побрзајте и пронајдете го вашето совршено парче во модната куќа Елена Лука на намалување до 70 проценти само овој прекрасен август.

Објавено:
8 август 2018
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
410 пати