Во трговскиот центар Рамстор денеска беше отворена реновираната продавница на детскиот бренд Окаиди.

Присутните имаа можност да уживаат во мини – ревија со преслатки модели од модната агенција Моделс Ин кои ги претставија новите парчиња од брендот.

Како и секогаш, колекцијата есен – зима 2018 на брендот е составена од неодоливи парчиња за најмалите, изработени од висококвалитетни материјали создадени за удобни денови на дечињата.

Во обновената продавница на Окаиди ќе ги најдете совршените парчиња во кои вашите најмили ќе блеснат на почетокот на учебната година.

Голем дел од парчињата се на попуст, па задолжително посетете ја продавницата на Окаиди во Рамстор и одберете некој од фантастичните модели.

Покрај модната ревија со која брендот и официјално го означи отворањето на обновената продавница, најмалите имаа можност да се забавуваат цртајќи на мини паметни табли, да се освежат со лимонада и да пробаат слатки колачиња.

Во галеријата погоре, погледнете ја атмосферата од отворањето на реновираната продавница на Окаиди.

Објавено:
10 август 2018
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
358 пати