Последната фотографија на Ентони Борден покажува колку бил уморен

13 јуни 2018

На крајот на секој ден тој беше толку уморен што единствено сакаше да се изолира во неговата хотелска соба за да може да си дојде на себе, велат пријателите и соработниците на познатиот готвач Ентони Борден кој пред неколку дена се самоуби на 61 годишна возраст.

Гледајќи од страна, неговиот живот секогаш делуваше толку совршено, полн авантури, посети на најубавите места во светот, дружење, убава храна, бело вино и сè што еден човек може да посака.

На фотографијата која неговите соработници ја направиле само три дена пред неговата смрт, може да го видиме како седи во еден француски ресторан со чаша вино и разговара со некој.

Тој всушност и во тој момент работи, односно снима епизода за неговата емисија „Parts Unknown“ поради која и престојуваше во Франција.

„Неговиот распоред често беше многу полн и тој речиси секогаш изгледаше неверојатно уморно, како што и секој од нас би изгледал. Даваше сè од себе на снимањата и потоа се изолираше во соба. Изгледаше како сè што има да го даваше на работата и на крајот немаше апсолутно ништо за себе“, изјави еден од неговите долгогодишни соработници.

Поради тоа што бил премногу посветен на работата, се доведувал себеси до работ на изнемоштеност и не бил спообен за ништо друго.

„Се трудеше максимално. На пример, поголемиот дел од екипата не работи на секоја епизода, бидејќи тоа едноставно не е можно и е претешко. Тоа не беше опција за Тони“, велат соработниците.

Меѓу последните фотографии од планетарно популарниот готвач е и онаа на која можеме да го видиме како се вози на велосипед низ Колмар, Франција со неговите пријатели, но повторно, тоа е дел од неговата емисија, а не приватно патување.

Многумина ќе кажат дека во ниту еден момент тој не дал никакви знаци дека може да направи такво нешто, иако сакал да се изолира по снимањето на секоја епизода.

На сите фотографии можеме да го видиме со насмевка на лицето, поради што ниту неговите блиски не процениле дека тој може нешто да си направи или дека има проблеми со депресија.

Неговите пријатели ќе кажат дека овие фотографии на кои тој изгледа сосема задоволно се уште еден потсетник дека депресијата е болест која не бира и која може да му се случи секому, иако нема конкретни знаци за тоа.

Без разлика на тоа колкаво богатство имате, дали имате семејство, дали патувате, уживате во животот, имате ли деца...тоа воопшто не е важно кога е оваа болест во прашање.

Во неговото последно интервју направено само неколку дена пред смртта, тој говори за љубовта кон неговата партнерка, познатата актерка и режисерка Азија Арџенто која и самата режираше неколку епизоди од неговата емисија.

Тој ќе каже дека ја обожава бидејќи била брутално искрена, а уште поголема почит кај него добила во моментот кога на годинешното издание на Канскиот филмски фестивал јавно на сцената изјави дека била силувана токму таму од контроверзниот продуцент Харви Вајнштајн.

Талентираниот готвач, писател и раскажувач Ентони Борден се самоуби на 61 годишна возраст на 8 ми јуни, а неговото тело беше пронајдено во хотелската соба во Франција.

Инфо: Noizz.rs

Фото: Instagram, Profimedia

Објавено:
13 јуни 2018
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
2.252 пати