Позитивни вибрации и многу подароци на дружбата меѓу членките на Sweet40+

7 октомври 2018

Вчера во ателјето на модниот бренд Елена Лука во Скопје, во организација на генералната менаџерка и сопственичка Елена Пандева, убава прилика меѓусебе да се дружат имаа дел од членките на фан страната Sweet40+.

Покрај тоа што Sweet40+ е платформа која ги спојува жените од различни возрасти и профили, вчера имаа можност и непосредно да се запознаат, а покрај тоа и да добијат интересни подароци од Елена Лука.

„Идејата на фан страната Sweet40+ е во основа да ги мотивира и инспирира женитe од различни генерации и профили, преку една современа онлајн комуникација. Се работи за атрактивна платформа каде секојдневно споделуваме различни искуства од различни аспекти. Се разбира, акцентот е на убавите нешта во животот кои дополнително внесуваат ведрина во нашата меѓусебна, секојдневна комуникација. Тука секако мислам и на менталната и на духовната и физичката нега на жените после 40-тата година. Секоја од нас е со сопствено животно искуство на секое поле и е неверојатно мотивирачки кога ќе прочитате некоја инспиративна, лична приказна која навистина може да има големо влијание на колосекот и во вашиот живот. Модата и стилот се неизбежен сегмент на нашата комуникација и ова е уште едно поле на кое сите жени со задоволство дискутираме. Се разбира, индивидуалниот имиџ е реплика на личните ставови, видувања и вкусови, но јас со своето долгогодишно професионално искуство на ова поле, секогаш сум расположена и на располагање на членките да споделам корисен совет. Секое утро го започнуваме со инспиративни мисли, што и од лично искуство ќе кажам дека влијае на позитивното расположение на денот, а го заршуваме со музика исто толку инспиративна за секоја од нас. Во меѓувреме и се наградуваме, што реално е дополнителна мотивација за членките на фан страната. Веќе имавме чест да соработуваме со неколку прекрасни дами, кои како подарок добија комплетна трансформација во студиото за убавина кое функционира во рамките на ателјето на Елена Лука. А на денешната дружба уште неколку прекрасни, инспиративни и реализирани дами, членки на фан страната добија уникатни подароци што го носат потписот на Елена Лука. Се разбира изненадувањата продолжуваат и во иднина! Се читаме на @sweet40+!", несебично со нас Елена Пандева ја сподели својата идеја за @sweet40+, како и своите лични искуства како добронамерни совети што може да ни послужат во различни животни ситуации.

На неформалната средба, прекрасните дами покрај тоа што добија уникатни подароци, имаа можност и подобро да се запознаат, како и да споделат свои лични искуства на различни теми, а ние ја искористивме можноста да ги прашаме околу нивните впечатоци за фан страната која е место за секојднавна нивна дружба.

Ви ги пренесуваме нивните импресии:

Бисера Петрова
„Одличен е и навистина ми се допаѓа концептот на Sweet40+. Секојдневно се споделуваат интересни теми од различни сфери и со задоволство секогаш во текот на слободниот дел од денот, погледнувам што има ново. Активно учествувам и во дискусиите и во наградните игри, што навистина делуваат мотивирачки. Мода, книга, филм, музика, сите овие теми кои се опфатени на фан страната, за мене се интересени и секаде се пронаоѓам. Морам да кажам дека навистина се пренесува таа позитивна енергија што е присутна, како и меѓусебната поддршка на членките. Јас и лично, но еве и јавно сакам да и се заблагодарам на Елена Пандева за оваа прекрасна иницијатива за дружба меѓу жените од различни возрасти и профили, а бидејќи годинава нејзиниот бренд Елена Лука прославува 10 години јубилеј и посакувам уште многу успешни јубилеи".

Валентина Петкова Николовска
„Следејќи ја официјалната фан страна на Елена Лука, дознав и за Sweet40+. Комплетно се пронајдов. Ми се допаѓаат темите, дружењето, постојано има нешто ново, мотивирачко, интересено... Најмногу јас лично се пронаоѓам во темите што опфаќаат мода, личен стил... Модата ме воодушевува и инспирира уште од дете, но никогаш не сум имала можност нешто да направам што е поврзано со модата, па преку оваа фан страна ми е дадена можност да испратам идеја за стајлинг или да прочитам некој совет. Навистина сум многу задоволна и среќна. Го поздравувам и тоа што често се отвораат и дискусии на тема здравје, особено што овој месец октомври е светски месец посветен на борбата против ракот на дојка, па со оглед на тоа што и јас лично сум имала такво искуство, ја поддржувам иницијативата да се шири свеста за оваа болест и општо за сопственото здравје. Сакам на Елена Лука да и честитам јубилеј и да продолжи да ја шири и споделува убавината".

Лидија Лазаревска
„Со задоволство секојдневно ја следам страната Sweet40+, а исто така претходно ја следев и фан страната на „Елена подарува". И тогаш и сега, активно учествувам во концептот на вашите фан страни бидејќи пред се, се интерактивни. Морам да потенцирам дека навистина инспиративно и поттикнувачки делува за сите жени, членки, кои споделуваат некои заеднички интереси. Животот треба да го живееме со полни гради во секоја негова доба, а токму и тоа е пораката на Sweet40+. Лично особено ме инспирира навечер музиката која се споделува, а наутро пак особено задоволство е пораката за добро утро со кафе... Сето тоа влијае на позитивното расположение на жените и навистина исполнува. Елена Пандева за мене секогаш била No.1 и сакам да и упатам искрени честитки за големиот досегашен успех, среќен 10-годишен јубилеј и уште многу јубилеи во иднина".


Снежана Кимовска
„Го поздравувам концептот на Sweet40+ и навистина е нешто ново кај нас. Дфинитивно е причина за разубавување на денот, почнувајќи од утрото па се до навечер. Инспиративна страна која дава насоки во поглед на различни теми, па и кога е во прашање модата и убавината. Навистина е разгалување за една модерна жена. Еден позитивен начин како да го исполните слободното време. И ова е еден нов и модерен начин на комуникација меѓу жените. Ми се допаѓаат сите оние теми кои се поврзани со модата, со убавината, негувањето на жената и го почитувам тоа што може да се добие и по некој совет плус на сите овие теми. Моја сугестија е ваков тип на средби и уште почесто да се организираат и оваа дружба да биде една иницијатива за уште многу такви во иднина, како традиција, па тој виртуелен круг на жени, да имаат можност меѓусебе и непосредно да се запознаат и да се дружат. Сакам да и упатам честитки на Елена Пандева како главен иницијатор, и нејзиниот бренд Елена Лука да слави уште многу успешни години работа, да расте бројката на успешни јубилеи. Јас сум еден од клиентите на Елена Лука и дефинитивно сум задоволна затоа што навистна имаат свој посебен печат и посебна естетска линија.

Анита Атанасовска
„Фан страната на Sweet40+ е навистина мотивирачка, позитивна, има доста занимливи и интересни рубрики и информации и опфаќаат различни сегменти од животот. За мене особено се интересни оние мотивирачки цитати и мисли кои се споделуват, секако и темите поврзани со стилот и модата. Бидејќи јас професионално се занимавам со здрава исхрана и здрав начин на живот, од тој аспект моја сугестија е и често да се зборува на теми кои се однесуваат на нашето здравје и квалитетен животен стил. Исто така бидејќи и спортувам, интересни ми се и сите теми поврзани со спорт. Секоја чест за главниот иницијатор, Елена Пандева и општо за нејзиниот бренд Елена Лука чиј креативен израз е безвременски и создава уникати кои траат независно од актуелните модни трендови. Таа навистина создаде еден бренд кој не спојува сите нас".

Јасмина Трајковска
„Одлична идеја, урбана фан страна која ги поврзува жените со различни професии, профили... Мене особено впечаток ми оставаат идеите за секојдневни комбинации, каде и најмногу се пронаоѓам. Сите теми на кои се дебатира за мене се инспиративни. Ми се допаѓа и тоа што се опфаќаат и пошироки теми од различни сфери, од светот на културата, филмот, музиката – па често се инспирирам што следно да погледнам, слушнам, прочитам... Секоја од жените има свое животно искуство кое споделено со другите може да биде вистински патоказ во животот, па така една со друга наоѓаме инспирација и мотивација. Навистина квалитетен начин како да се исполни слободното време. Се надевам дека ќе се гледаме на уште многу вакви средби, за што сакам да и упатам голема благодарност на Елена која успеа да не спои и да не изненади со нвистина уникатни подароци. И посакувам уште многу успешни јубилеи, секако да продолжи да не инспирира и да не мотивира".

Соња Ѓелова
„Сакам да го изразам моето задоволство секогаш кога ќе ја посетам страна на Sweet40+ на фејсбук или инстаграм. Идејата за ваквиот начин на комуникација со нас жените преку одбраната музика и секогаш позитивните коментари упатени кон нас жените на Вашата страна sweet40+ е вистински погодок. И најискрено вакво нешто ни требаше и ете Вие го реализиравте. Благодарност што на некој начин и ние сме дел од приказната и магијата на Sweet40+."

Позитивното и инспиративно искуство на оваа прва средба на членките од фан страната Sweet40+, беше дополнителна иницијатива за ваквата дружба да премине во традиција.

 

Објавено:
7 октомври 2018
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
2.279 пати