Позната темата на Мет Галата за 2017 година

25 октомври 2016

Мет Гала е настан што привлекува големо внимание од повеќе аспекти. Тоа е манифестација на која се собираат голем број познати и влијателни ѕвезди, приходите одат во хуманитарни цели, а облекувањето е тематско.

После темата посветена на технологијата минатата година, „Метрополитен“ музејот на уметност ја откри и темата за 2017 година.

Реи Кавакубо

Следното издание на Гала вечерта и воедно изложбата на Институтот за костим ќе биде посветено на Реи Кавакубо (бренд Comme des Garcons). Ова име можеби на многумина ви е непознато, но е значајно во модна смисла.

Реи Кавакубо ќе биде првиот жив дизајнер после Ив Сен Лоран во 1983 година, кој ќе биде предмет на модната изложба на овој настан.

-Кавакубо е еден од најважните и највлијателни дизајнери во последните 40 години. Со самото тоа што нè повика да размислуваме за модата на нов начин, како на константна креација, хибридност, повторна креација. Таа ја дефинираше естетиката на нашето време – изјави Андреј Болтон, куратор на музејот.

Инаку, Мет Галата 2017 е традиционално закажана за 1-ви мај, а покрај Кавакубо и Ана Винтур, на почесните места како домаќини ќе се најдат и Кети Пери и Фарел Вилијамс, кој во 2014 година лансираше парфем во соработка со брендот Comme des Garsons. Изложбата пак, ќе биде отворена од 4-ти мај.

Во продолжение погледнете дел од највпечатливите креации на дизајнерката, а несомнено ќе биде интересно да се види како познатите ќе ја интерпретираат нејзината естетика. Лејди Гага веќе носеше нејзини креации.

Објавено:
25 октомври 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
183 пати