Познатиот шведски диџеј Авичи почина на 28 години

20 април 2018

Познатиот шведски диџеј Тим Берглинг или познат како Авичи, почина на 28 годишна возраст во Оман, јавуваат светските медиуми. Во официјалната изјава, неговото семејство бара да се почитува приватноста во овие тешки моменти и не се наведува причината за смртта на диџејот. Иако имаше само 28 години, тој зад себе остави успешна кариера и бројни соработки со светски познати ѕвезди. Инаку, медиумите пишуваа дека тој неколку пати бил хоспитализиран поради прекумерна употреба на алкохол. Во 2014 година тој имаше низа операции поради што откажа и голем број настапи. 

Објавено:
20 април 2018
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.486 пати