Празнични плус-сајз комбинации

23 ноември 2017

Во пресрет на празничната сезона, сите се во потрага по идеалните комбинации. Дури и да не сте тип што ја сака Новата година и еуфоријата околу неа, сепак веруваме дека сакате да се почестите со нешто и да изгледате убаво.

Потрагата по совршено парче за било која пригода, знае да биде макотрпна, а особено ако сте некој што има изразени облини. Модната индустрија сè повеќе се труди тоа да се смени и ги форсира таканаречените плус сајз модели, а тој тренд почнаа да го практикуваат и дел од модните куќи и продавници кај нас, па понудата стана малку поразновидна.

Сепак, освен да купите, секогаш постои шанса да се инспирирате и да имате парче направено по мерка.

Во продолжение ви презентираме токму доза инспирација за тоа како можете да изгледате за време на празничните прослави.

Тоа што имате облини не значи дека треба да се криете и дека актуелните трендови се забранети за вас. Секогаш постои можност да ги имплементирате во вашиот изглед. Ако целосно светкав фустан ви е премногу смело, тогаш направете само здолниште, или пак украсете ги ракавите, купете таков шал и слично.

Тантелата не мора да биде стопроцентно застапена. Може да биде по рабовите за фустанот на пример и да внесе доза сексапил.

Погледнете ги идеите во продолжение, веруваме ќе ве инспирираат.

 

 

 

Објавено:
23 ноември 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
869 пати