Празнични попусти до 70% во Елена Лука!

21 декември 2017

Доколку сакате да подарите уникатен подарок или едноставно да се почестите себеси со дизајнерско парче облека, топло ви препорачуваме да ги посетите изложбените салони на Елена Лука.

Во тек се големи празнични попусти до 70% на целиот асортиман.

Ексклузивни зимски капути, свечени и коктел фустани, деловни парчиња облека со дизајнерскиот потпис на македонскиот моден бренд, марами и шалови со впечатливи дезени, се само дел од богатата понуда.

Одберете ги вашите омилени дизајнерски парчиња и новата година започнете ја со освежен стил.

Објавено:
21 декември 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
540 пати