Празнични попусти во Елена Лука

15 јануари 2016

Сега е вистинско време да го освежите својот плакар, а ние ви препорачуваме да отстапите простор за македонски дизајн и тоа со пристапни цени.

Во модната куќа Елена Лука во тек е попустот до 30% на комплетниот зимски асортиман, вклучително и на ексклузивните парчиња од последната колекција „Impact".

Ви предлагаме да одберете некое есенцијално дизајнерско парче кое ќе може да го комбинирате во различни стилски изданија и во различни прилики, како на пример зимските капути на врзување околу половината, бундите изработени од колоритно еко крзно или долгите кошули со нагласени рамена.

Попустот ќе трае до крајот на јануари, а од февруари очекувајте нови изненадувања.

 

Објавено:
15 јануари 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
574 пати