Празнични попусти во „Елена Лука“ до 50 проценти

26 декември 2016

И во овој празничен период, модниот бренд „Елена Лука“ не заборава на своите клиенти.

Доколку сè уште не сте купиле новогодишни подароци за вашите сакани, или пак за себе, тогаш е вистинско време да се упатите во оваа модна куќа, бидејќи целиот асортиман е намален дури до 50 проценти.

Омилените капути, кошули, здолништа, фустани, за секојдневни или свечени пригоди сега можат да бидат ваши по празнични цени.

Попустот ќе трае сè до 15-ти јануари.

Тимот на модната куќа ви посакува среќни празници и ви овозможува во Новата година да влезете дотерани и со стил!

Објавено:
26 декември 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.033 пати