Пред Оскарите: Класата 2019 се собра на традиционалниот ручек

5 февруари 2019

Во Беверли Хилс вчера, само неколку недели пред 91. издание на Оскари, сите номинирани ја направија традиционалната групна фотографија.

Рами Малек, Глен Клос, Лејди Гага, Бредли Купер, Ејми Адамс, Реџина Кинг се само дел од оние што ја имаат честа да се најдат на фотографијата која ќе влезе во историјата. 

Секако, освен актерите, на фотографијата се и продуцентите, режисерите, дизајнерите, музичарите... 

Секој од нив е дотеран во формален, свечен стил, како што е и пропишано за традиционалниот ручек што се организира по фотографирањето.

Лејди Гага повторно се одлучи за бела креација, овој пат со потпис на Луј Витон, со висок околувратник и широки ракави, додека изборот на Бредли Купер беше триделно сиво одело. 

Реџина Кинг пак, изгледаше прекрасно во пастелно розова креација со металик сјај и украси, со потпис на модната куќа „Прада“.

Реџина Кинг во Прада

 

Погледнете ги сите како изгледаа:

Глен Клос во Александар Меквин

 

Лора Дерн во Проенца Скулер

 

Мелиса Мекартни во Џонатан Симкаи

 

Рејчел Вајс во Марк Џејкобс

 

Бредли Купер

 

Џејми Реј Њуман

 

Марк Ронсон

 

Рами Малек

 

Ејми Адамс во Оскар де ла Рента

 

Објавено:
5 февруари 2019
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
421 пати