Предвремен преглед на креациите од претстојната Њујоршка модна недела

31 август 2013

Модната недела во Њујорк почнува само за неколку дена, поточно  за четири од денес. Fashioenl пред време ви ги открива идеите на дизајнерите и нивните инспирации, преку 30 скици кои може да ги ѕирнете пред почнувањето на овој голем и значаен настан од модата. Шарлот Ронсон, Ерин Фетерсон, Ребека Минкоф и многу други дизајнери со задоволство ги објавуваат своите скици, но и по една реченица или збор што ја опишува нивната инспирација за колекциите. Една фотографија кажува 1000 зборови, па затоа краткиот опис од  дизајнерите ќе ви биде доволен да дознаете какви тенденции ќе понудат. Погледнете која  колекција е инспирирана од „Нирвана“ а чија етикета ќе ве „однесе“ на патување на Пацифик Коуст.

Објавено:
31 август 2013
Категорија: 
Актуел