Префинети капути од Елена Лука за вашиот совршен зимски стил

27 ноември 2018

Елегантен, префинет и квалитетен капут е навистина безвременска инвестиција.

Ако на тоа се додаде и посебниот шарм на дизајнерската естетика на Елена Лука, го имаме вистинскиот избор.

Етаблираниот моден бренд оваа сезона дизајнираше софистицирана линија капути во различен стилски фазон, за кои заедничка нишка е препознатливиот дизајнерски печат што секогаш остава приоритет на изборот на квалитетни материјали и професионална изработка.

Со оглед на тоа дека боите со изразен интензитет веќе години наназад се присутни во сите сезонски тенденции, оваа зима меѓу изборот на капути од Елена Лука колоритот е богат: од интензивни жолти и црвени нијанси до земјени и пастелни тонови.

Во однос на кроевите, изборот исто така е разновиден. Дамски капути со нагласен струк со ремен, макси капути во прав крој или елегантни со А линија, изборот останува на вас.

 

 

Објавено:
27 ноември 2018
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
917 пати