Преслатка кампања: Дечиња со Даунов синдром облечени како ликови од цртани филмови

26 ноември 2019

Британската фотографка Никол Луис Перкинс отсекогаш била вљубеник во фотографијата, но уште повеќе сакала со својата работа да предизвика промени и посебно да им помогне на децата со посебни потреби.

Токму оттаму е и кампањата која ја организирала, а насловена како „Даун со Дизни“, каде дечиња со Даунов синдром позираат облечени како нивните омилени ликови од Дизни цртаните филмови...

Од Малата сирена преку Аладин, Елса, до Могли, дечињата изгледаат прекрасно.

Ова не е прва кампања на фотографката за поддршка и развивање свесност за лицата со Даунов синдром, а досега наидувале на одличен одѕив.

Инаку, се ближи Меѓународниот ден на лица со посебни потреби, 3.декември, па оваа кампања е само потсетување на тоа да им се обрне повеќе внимание и да се развие свеста на луѓето за оние што се на еден или друг начин поинакви од нас. Воедно е потсетување дека сите поседуваат убавина, без разлика која животна борба ја водат.

Погледнете:

 

фото извор: Nicole Louise Photography; Instagram.com; Facebook.com

Објавено:
26 ноември 2019
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
396 пати
Извор: 
boredpanda.com