Принцеза од Бали се омажи во фустан на Тони Матичевски

3 август 2018

Таа е една од најстилските жени во Австралија, а истовремено и принцеза со потекло од Бали, благодарение на нејзиниот чичко, кој е крал на Денпасар и таткото кој починал, а бил принц.

Две години по разводот од познатиот пливач Мајкл Клим, Линди Клим се омажи со нејзиниот нов избраник Адам Елис на фантастична церемонија во Тоскана.

За венчавката таа носеше шармантна венчаница од австралискиот дизајнер со македонско потекло, Тони Матичевски кој создаде бајка за неа.

Она што е интересно е дека венчаницата ја направил за само 24 часа, а истата е изработена од специјален и висококвалитетен тул и свила како постава.

Дизајнерот за Дејли Мејл откри дека ѝ ја подарил венчаницата, како резултат на нивното долгогодишно пријателство и дека истата ја изработил само по неколку разговори со невестата.

„Таа имаше неколку различни идеи и ми дозволи јас да го направам конечниот дизајн. Ја обожавам бидејќи секогаш ми дава слобода, затоа што знае дека секогаш го сакам најдоброто за неа, а не да го рекламирам мојот дизајн“, вели Матичевски.

Открива и дека венчаницата ја изработил за 24 часа, бидејќи немале многу време.

Шармантната венчавка на принцезата и нејзиниот избраник се случи во романтичната Тоскана во друштво на нејзините три деца од претходниот брак и малата Голди, која ја има со сопругот Адам.

Линди и дизајнерот Тони Матичевски

Инфо: Дејли Мејл

Фото: Инстаграм

Објавено:
3 август 2018
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.326 пати