Принцезата Дина во златна креација од босанското модно студио Кафтан

8 март 2017

Во организација на магазинот Вог и Венити Фер вчеравечер беше одржана традиционалната гала вечера во рамки на париската недела на модата од која дел беа некои од најголемите имиња во светската модна индустрија.

Уредничката на арапскиот Вог, прекрасната принцеза Дина Абдулазиз на настанот се појави во фантастична креација од последната колекција на босанското модно студио „Кафтан“.

Имено, станува збор за „златна“ наметка со качулка која таа ја комбинираше со интересен пастелно син фустан и високи потпетици.

Шармантната принцеза Дина е позната по тоа што секогаш подржува млади дизајнерски имиња и им помага со контакти во светот на модата.

На свечената вечера присуствувале голем број на светски познати музички имиња, но и уредници на магазини и познати модни новинари.

Модното студио Кафтан со ова потврди дека навистина имаат шик и квалитетни парчиња и дека светот допрва ќе слушне за нивната работа.

Нивната последна колекција за пролет/лето 2017 изобилува со магични парчиња изработени од нежна тантела, свила, транспарентни материјали, целосно надополнета со неодоливи украси како бисери и цветови од разни материјали.

Објавено:
8 март 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
169 пати