Принцот Алберт од Монако е заразен со Ковид-19, а кралицата Елизабета му ги предаде обврските на Вилијам

20 март 2020

Кралската палата во Монако во средата соопшти дека нивниот принц, Алберт е позитивен на коронавирус. Како велат, 62-годишниот принц се чувствува добро и властите не се загрижени за неговото здравје, за кое се грижи тим лекари од болницата која го носи името на неговата почината мајка - „Принцеза Грејс“.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Marie Claire Russia (@marieclairerussia) onMar 19, 2020 at 10:44am PDT

 Од палатата уште велат дека неговата здравствена состојба воопшто не е загрижувачка, а доказ за тоа е што принцот продолжува да ги извршува обврските од дома. 

Она што не е познато е дали неговата сопруга Шарлин и децата Жак и Габриел се исто така заразени.

Поради возраста и актуелната ситуација во вирусот, 93 годишната кралица Елизабета и нејзиниот сопруг, принцот Филип (98) заминаа од Лондон и Бекингемската палата и со хелихоптер отпатуваа во дворецот Виндзор.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by The Royal Family (@theroyalfamily) onMar 19, 2020 at 9:32am PDT

„Филип и јас пристигнавме денес во Виндзор, јасно ни е дека пред нас е тежок период и дека целата земја и остатокот од светот се во голема грижа за здравјето. На сите ни е советувано да го смениме нашето вообичаено секојдневние и да се прилагодиме на новонастанатата ситуација. Треба да го чуваме своето здравје и да мислиме и на останатите, на целата наша заедница, а посебно на оние најчувствелните. Многумина од нас ќе треба да пронајдат нови начини да останат во контакт со саканите и семејството, со што ќе ги заштитат од опасностите. Уверена сум дека сме подготвени за тој предизвик. Можете да бидете сигурни дека моето семејство и јас сме подготвени да ја одиграме нашата улога во сето ова“, се вели во официјалното соопштение.

Британските медиуми не ги изненади претпазливоста на кралицата, но ги изненади што сите обврски му ги пренесе на Вилијам, а не на Чарлс, кој е следен во трката за тронот.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by The Royal Family (@theroyalfamily) onMar 18, 2020 at 12:01pm PDT

Добро упатените извори велат дека со оглед на тоа што Чарлс има 71 година, спаѓа во критичната група за заболување од вирусот, па затоа и тој ќе биде во изолација, а шансата да се покаже ќе ја има 37-годишниот Вилијам, кој потврди дека кралското семејство ќе ѝ помогне на државата.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by The Royal Family (@theroyalfamily) onJan 3, 2020 at 2:06pm PST

 

Иако сè уште не е потврдено, принцезата Беатрис, девета во редот за тронот, би можела да биде именувана за државен советник во овие специфични времиња. Својата помош би можел да ја даде и принцот Хари, иако од 31 март веќе нема да ја користи и да ѝ служи на кралската титула.

 

Објавено:
20 март 2020
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
815 пати