Принцот Хари искрено за загубата на Лејди Ди

18 април 2017

Принцот Хари кој ја предводи кампањата за ментално здравје „Heads Together“ ,заедно со брат му принцот Вилијам и Војвотката Кејт, во своето последно интервју за британски Телеграф ќе проговори за своите битки во моментот кога ќе ја загуби својата мајка, принцезата Дијана.


„Јас ја загубив мојата мајка кога имав само 12 години и се затворив во сопствените емоции еве веќе 20 години. Таа загуба имаше врз мене сериозни последици не само во приватниот, туку и во професионалниот живот, на мојата работа.. Пред три години со поддршката од моите најблиски, најмногу од мојот брат, малку по малку почнав да се враќам кон самиот себе. Тие постојано ми повторуваа: Мора да се справиш сам со ова, не е нормално да мислиш дека ништо не може да те погоди“.

Хари не се занимавал со тоа да се справи со тагата, туку постојано потиснувал емоции.


„Мојот начин како да се справам со тоа беше да си ја ставам главата во песок, да ја одбивам помислата на мојата мајка. Се прашував: Како би ми помогнало ако мислам на мајка ми дека ја немам повеќе?Само ме правеше да бидам се потажен. Бев типичен претставник на мојата генерација и постојано повторував дека животот е одличен и така треба да го живеам.Требаше да се соочам со болката, со загубата. Две години бев во целосен хаос. Не знаев што е толку погрешно со мене. Во неколку наврати бев на работ на нервен слом, кои беа поврзани со сите мои залажувања и недоразбирања, кои беа поткрепени со мојот начин на живеење и појавување во јавноста. Едноставно не знам што ми беше, не бев свесен што ми се случуваше. За сите овие години вежбав бокс, спорт кој ми помогна да го совладам бесот.  Ме спаси затоа што постојано бев во состојба на афект и само сакав да удрам некој ако и малку ме изнервираше. Сега сум на добро место, на убаво место со самиот себеси. Многу серизоно ја разбирам мојата позиција, работата и навистина се трудам најдобро што можам да работам, да допринесувам за општеството што навистина ме прави среќен и исполнет“, вели принцот.

 

Објавено:
18 април 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
2.001 пати