Принцот Вилијам ќе се појави на насловната на јунскиот GQ

31 мај 2017

Утре ќе биде пуштено во продажба јунското издание на магазинот GQ каде на насловна ќе се појави Принцот Вилијам.

Фотографијата е на канадскиот фотограф Норман Џин Рој, додека во рамките на магазинот ќе биде објавено и ексклузивно интервју со Принцот, кое го реализираше познатиот писател и новинар Алистер Кемпбел, кој инаку е и поранешен советник на Тони Блер.

Фото: GQ

Во разговорот, Принцот Вилијам зборува за смртта на неговата мајка, Принцезата Дијана, за психолошкото здравје, за семејството како и за неговиот хуманитарен проект Heads Together што има за цел да го штити менталното здравје кај децата.

Интервјуто е проследено и со семејна фотосесија на Принцот со неговата сопруга, Кејт Мидлтон и нивните деца.

Објавено:
31 мај 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
174 пати