Принцот Вилијам за тоа како е да се биде татко...

22 ноември 2016

И покрај тоа што е благородник, во најновото интервју, принцот Вилијам зборува за тоа дека пред сè е татко, кој секојдневно се бори со предизвиците што ги носи родителството, исто како и остатокот од светот. Инаку, интевјуто е направено за време на неговата прва официјална посета на Виетнам, во емисијата „Talk Vietnam“.

-Како што ќе можат да посведочат и останатите родители во просторијата, во родителството постојат прекрасни подеми и прекрасни падови. За мене лично, тоа беше голема промена. Многу сум среќен за поддршката што ја имам од Кетрин, таа е прекрасна мајка и фантастична жена, сопруга. Но, морам да признам дека за мене во неколку наврати имаше моменти на борба, потешкотии. Преминот од независен самец до маж кој е во брак и има деца е момент од животно значење и животна промен – вели принцот.

Во разговорот, Вилијам беше отворен и на тема колку принцот Џорџ и прицезата Шрлота се различни карактерно, како и тоа дека тој сè уште учи како да биде добар родител:

-Ги обожавам своите деца, тие ми помогнаа да научам многу за себе, за семејството. Неверојатно е како во тие моменти едноставно „собираш“ информации, искуство, знаење... Џорџ понекогаш знае да биде вистински немирко. Тој ме тера постојано да бидам на нога, но е навистина слатко момче. А Шарлот... Имајте на ум дека никогаш не сум имал сестра, па тоа што имам ќерка е нешто посебно и динамиката е сосема поинаква. Така, сега учам што значи да се има ќерка, и генерално, девојче во семејството – признава Вилијам.

Тој додава дека тоа што има деца сосема му ја сменило перспективата за светот околу него, како и тоа дека не сака неговите деца да прераснат во материјалисти.

-Сакам да ги израснам во луѓе со едноставни стремежи. Сметам дека постои голем број на големи асперации и луѓето живеат со огромно количество на работи што реално не им се потребни. Сметам дека материјализмот на и во светот е нешто што знае да биде понекогаш многу сложено, незгодно и деликатно.

Целото интервју можете да го погледнете во продолжение:

Објавено:
22 ноември 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
996 пати