Пристигна новиот „Пирели“ календар

6 декември 2018

Календарот на „Пирели“ за 2019 година пристигна. Темата на ова издание е сонување а зад фотографиите се потпишува Алберт Вотсон.

Отргнување на изразена голотија и сексапил на еден директен начин е трендот кој се задржа и овој пат. Вотсон ги замисли и реализира фотографиите како филмски кадри, а жените во нив, како жени што сонуваат.

-Компанијата долго време се држеше до тој секси концепт, но кога дојде редот јас да го реализирам календарот, ми изгледаше погрешно да ги однесам манекенките на плажа и да ги фотографирам разголени. Тоа е многу погрешно, особено во времето кога го имаме #MeToo движењето - вели фотографот.

making of

Токму затоа, фокусот не е ставен на манекенките и нивниот изразен сексипил, туку на различната убавина на жените кои сонуваат или мечтаат.

Интересно е што, во овој „Пирели“ календар се појвува и дизајнерот Александар Ванг, со што станува првиот дизајнер што се појавил во ваков проект.

Покрај него, за ова издание се ангажирани и Џиџи Хадид, балерината Мисти Коупланд, Летиција Каста, актерката Џулија Гарнер, танчерот Сергеј Полунин, како и балетанот Калвин Ројал III. 

Фотографиите се снимени во Мајами и Њујорк, а приказната се врти околу четири гламурозни женски филмски ликови и нивното патување до успехот.

making of

Така, на фотографиите, Коупленд е танчерка во стриптиз клуб, која амбицијата ја влече да биде многу повеќе од тоа. Каста е сликарка и боем, додека Хадид е меланхолична наследничка која што неодамна прекинала долга врска. Александар Ванг е нејзиниот пријател. Актерката Џулија Гарнер во овој календар е фотографка

Она што исто привлекува внимание е што за ова издание календарот е претставен во црна кутија, дизајн на уметничкиот директор на „Пирели“, Фабриен Барон.

making of

 

Погледнете ги фотографиите и кажете ни како ви се допаѓа новиот „Пирели“ календар?

Џиџи Хадид

Џиџи Хадид

Џиџи Хадид и Александар Ванг

Џулија Гарнер

Џулија Гарнер

Џулија Гарнер

Летиција Каста

Летиција Каста и Сергеј Полунин

Летиција Каста и Сергеј Полунин

Митси Копеланд

Митси Копеланд и Калвин Ројал

Митси Копеланд

 

 

Објавено:
6 декември 2018
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
761 пати
Тагови: 
Пирели 2019
Извор: 
fashionista.com