Проблематичниот Канје повторно во кампања на Балман

26 јули 2016

Деновиве беше објавена првата фотографија од новата кампања на Балман во која главните актери овој пат се Канје Вест и Џоан Смолс.

Кампањата ја режираше Паскал Дангин, а истата ја сними легендарниот Стивен Клејн кој заврши одлична работа.

Во истата можеме да ја видиме Џоан Смолс во интересен модел од есенската колекција на брендот, додека раперот носи украсена јакна во која се појави и на годинешната Мет Гала.

Сосема очекувано, првата фотографија и две куси видеа беа објавени од страна на Оливие Рустенг на профилот на брендот на социјалната мрежа Инстаграм на кој имаат повеќе од пет милиони следбеници.

Низ кампањата, талентираниот дизајнер сака да ја нагласи поврзаноста на модата со музиката, а се чини дека Канје Вест е вистинскиот избор за тоа во моментов кога сите медиуми пишуваат за неговата кавга со Тејлор Свифт поврзана со неговата песна „Famous“.

Објавено:
26 јули 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
150 пати