Промоција на едиторијал венчаници од Кокев

26 јуни 2013

Модното ателје Кокев периодов работеше на едиторијалот за пред колекцијата венчаници за 2014 година. Fashionel премиерно ги објавува фотографиите направени со српската манекенка Нина Воркапиќ чие лице дополнително ја краси атмосверата. Фокусот на едиторијалот е комплетно ставен на венчаниците каде црно - белите фотографии акцентираат гламур и екстраваганција. Едиторијалот е снимен на три локации во центарот на Скопје на места од проектот Скопје 2014 година. Перепознатлива по својот сензибилитет, Кокев нуди макси венчаници, кои всушност се најава за колекцијата венчални фустани од дизајнерката.

-Колекцијата е поделена во шест категории, за да може секоја невеста да си го најде совршениот фустан за својот посебен ден. Одлучив да соработувам со манекенката Нина Воркапиќ која својата работа си ја заврши до перфекција. Таа доста работи во странство така што честа беше наша да работиме со неа, изјави Тања Кокев.

Инаку, за фотографијата е огвоворен нашиот познат фотограф Дарко Мораитов, додека шминката е дело на Зоран Шурбевски. Од галеријата во продолжение погледнете го комплетниот едиторијал.

Објавено:
26 јуни 2013
Категорија: 
Актуел