Промотивно шминкање во Cosmo Зебра со одличните Manhattan

12 мај 2017

Доколку и вам козметиката на Manhattan ви е еден од подрагите избори кога станува збор за шминкање, тогаш денеска е ваш ден!

Со почеток од 13 па сѐ до 16 часот, во Cosmo Tinex дрогерии во трговскиот центар Зебра, ќе се случи промоција на новите техники на шминкање на познатиот бренд.

Сите оние кои сакаат да бидат дел од настанот, ќе можат да дознаат нешто повеќе за козметиката на Manhattan, да погледнат сосема нови и свежи трендови кај шминкањето, да добијат совети и да се нашминкаат со дел од нивните производи.

Она што е особено интересно и вредно да се спомене, е тоа што за време на промоцијата, за купени два производи од колекцијата на Manhattan, добивате подарок.

Уживајте во нивните фантастични производи и одберете го вашиот омилен, но одвојте и малку време и дозволете им на експертите да ве разубават овој петок! 

Објавено:
12 мај 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
261 пати