Промовиран постерот за 67-миот Кански филмски фестивал

15 април 2014

Официјалниот постер за 67-мото издание на Канскиот филмски фестивал, што оваа година ќе се одржи од 14 до 25 мај, беше промовиран денеска. Одлуката за визуелниот изглед на постерот е фотографија од безвременскиот актер Марчело Мастројани, фотографирана за време на снимањето на филмот „8 and a half“ од 1963, во режија на беспрекорниот Федерико Фелини. Ова е едно од најпознатите филмски ремек дела на италијанскиот режисер што го потврдуваат двете златни статуетки „Оскар“, едната за „најдобра костимографија“, а втората за „најдобар филм од неанглиско говорно подрачје“.

Годинешното издание на Канскиот филмски фестивал ќе го отвори драмата: „Принцезата од Монако“ со Никол Кидман во главната улога. Дека ништо не е случајно, туку се е веќе однапред договорено, како што вели Достоевски потврдува и фактот дека годинешната инспирација од ‘60-тите години се симбол не само на животот и творештвото на Мастројани, туку и на последните денови од животот на принцезата Грејс Кели.

Жирито на фестивалот ќе биде предводено од Џејн Кемпион, која што е единствениот женски режисер кој двапати ја уживаше честа да биде наградена со статуетката „Златна Палма“.

Објавено:
15 април 2014
Категорија: 
Актуел