Прва фотографија на Винона Рајдер за Rag & Bone

1 јули 2014

Според изјавата на еден од партнерите на брендот Rag & Bone - Маркус Вејнрајт, изборот на актерката не е случаен бидејќи таа за него е синоним за безвременска убавина – „За нас Винова е вистинскиот избор бидејќи е стилска икона“.

Една од работите кои ја прават исклучителна е нејзината скромност и покрај успешната кариера. Фотографот Глен Лачфорд ги фотографирал Винона Рајдер и Мајкл Пит на Coney Island. Кампањата наскоро ќе го здогледа светлото на денот и ќе биде претставена преку џамбо плакати низ Њујорк.

Објавено:
1 јули 2014
Категорија: 
Актуел