Првата Хари Потер школа за магија во Хрватска!

16 јуни 2017

Неодамна Хрватска го доби првото Министерство за магија на Балканот кое функционира како супер организација во која може да се зачленат сите фанови на Хари Потер кои ги очекуваат навистина интересни активности.

croportal.net

Она што е уште поинтересно е тоа што ова лето Министерството ја организира првата школа за магија во Дворецот Стара Сушица во Рамна Гора.

Покрај тоа што сите пријавени ќе имаат уникатна можност да уживаат во убавините на фантастичниот дворец, ќе можат да стекнат знаења од разни области низ едукативни работилници.

nik_tourist_service

Учесниците ќе имаат и доволно слободно време за разни организирани игри, како и креативни и спортски работилници.

Најмалите ќе имаат можност да ја играат омилената игра на магионичарите – борба со метли, а ќе научат и да подготвуваат магични пијалаци, да се грижат за животни, да одгледуваат необични билки, како и да научат многу за историјата на магијата.

Конкретно, оваа школа е наменета за деца од 5 – то до 8 – мо одделение, но тоа не значи дека наскоро и возрасните нема да можат да им се придружат.

panoramio

Објавено:
16 јуни 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
2.288 пати
Извор: 
journal