Првата колекција на венчаници на Зак Позен

15 јуни 2013

Њујоршкиот дизајнер Зак Позен за првпат се впушти во дизајнирање на венчални фустани под закрилата на модниот гигант David`s Bridal. Тоа значи дека моделите на еден од најпознатите американски дизајнери ќе бидат достапни и на британските потрошувачи.

Синџирот продавници веќе соработувапе со Вера Ванг, на успешната колекција „White by Vera Wang“, со што ексклузивните фустани на креаторката беа достапни за обичните граѓани по прифатливи цени. Од David`s Bridal се надеваат дека и Зак ќе го има истиот успех.

Колекцијата го носи името „Truly Zac Posen“, а цените ќе се движат од 540 до 860 фунти, (односно 850 до 1.350 американски долари). Невестите во Британија ќе можат да ги порачаат фустаните и преку официјалната страница на модниот гигант.

Венчаниот фустан на Коко Роче, изработен од органза, тул и свила Венчаниот фустан на Коко Роче, изработен од органза, тул и свила

Иако ова е првата целосна колекција на Позен, сепак не е првиот негов обид да направи венчален фустан. Тој во минатото имаше неколку „излети“ на оваа тема, а во 2010 година го изработи невестинскиот фустан на моделот Коко Роша.

-За многу жени, нејзината единствена шанса да носат гламурозен, но во исто време и романтичен, носталгичен фустан, е токму нивната венчавка. Тука тие ќе можат да си дозволат таков фустан. Ќе имаат уникатно, посебно парче.  Ова е одлично остварување на соништата.

Објавено:
15 јуни 2013
Категорија: 
Актуел