Првите фотографии на Селена Гомез за „Луј Витон“

18 јуни 2016

Откако беше потврдена информацијата дека младата популарна Селена Гомез ќе биде заштитно лице на брендот „Луј Витон“, се чекаше на резултатот од таа соработка. Првите фотографии од кампањата „LV Series 5“ се појавија, а пејачката одлично се снајде во новата улога.

Никола Гескје и Селена

Имајќи предвид дека таа веќе неколку сезони е едно од лицата што ги следат ревиите на брендот од прв ред, нема сомнеж дека изборот на Никола Гесјкер беше правилен.

Како популарна тинејџ-ѕвезда таа ќе помогне во доближувањето на „Луј Витон“ до нејзината генерација.

На најавната фотографија, Селена носи волуменозна шубара од вештачко крзно, кожена јакна и мала „Луј Витон“ чанта.

Амбасадорките на брендот: Џенифер Конели, Леа Сејдокс, Алиша Викандер, Селена и Адел Ексарчополус

Иако можеби ќе ви изгледа неверојатно, но ова е првата воопшто модна кампања на Гомез за луксузен моден бренд.

Во исчекување на целосната кампања, погледнете ги првите фотографии.

Објавено:
18 јуни 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
430 пати