Првите фотографии од свршувачката на Џеј Ло и Алекс Родригез

30 септември 2019

Пејачката и актерка, Џенифер Лопез, на својот Инстаграм профил денеска сподели фотографии од свршувачката со партнерот Алекс Родригез.

Таа преку фотографија им се заблагодари на луѓето што помогнале да се организира забавата, која се одржувала на 27. септември.

Во друштво на близнаците Макс и Ема, како и ќерките на Родригез и најблиското семејство и пријателите, двојката го прослави овој посебен ден. 

Од фотографиите се гледа дека Лопез носи бисерно бела креација, со еден волуменозен ракав, но со оглед на тоа дека го нема целиот стајлинг, се уште не е познато од кој дизајнер.

Во продолжение погледнете ги првите фотографии од забавата:

Објавено:
30 септември 2019
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
2.152 пати