Рафаел Надал гол и секси за Томи Хилфигер

26 август 2015

Веќе знаеме дека Рафаел Надал е еден од најдобрите светски тенисери, но тој подеднакво добро се снајде во улогата на модел во новата кампања за Томи Хилфигер. 

Тој е неверојатно згоден во долната облека на брендот која гордо ја презентира во соблекувална со црвени шкафчиња. 

На една од фотографиите можеме да го видиме само со пешкир со кој го покрива задниот дел од телото, додека оди низ соблекувалната. 

Објавувајќи видео на профилот на Твитер, Томи Хилфигер напиша: 

„Ви го претставуваме новото лице... и тело на нашата нова колекција за долна облека. Нема на што!“ 

По повод нивната соработка, се одржа и специјален настан во Њујорк на кој тенисерот се појави во сив костим од брендот во кој изгледаше навистина секси.

 

Објавено:
26 август 2015
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.096 пати