Рајан и Еди заштитни лица на големи модни брендови

14 јуни 2016

Машката мода отсекогаш била прашање на избор во однос на тоа кој би бил соодветен лик, дали тој лик ќе продаде, колку ќе биде значаен за брендот.

Последниве неколку месеци Рајан Рејнолдс, Еди Редмајн и Рајан Секрест се чини дека доживуваат модна ренесанса како први лица на модни кампањи.

Рајан Рејнолдс

Рајан Рејнолдс на почетокот на јуни беше назначен како интернационален бренд амбасадор на луксузниот Пјаџет. Во официјалното соопштение од првиот човек на компанијата, Филипе Леополд Мецгер ќе каже :„Рајан Рејнолдс ја воодушевува публиката ширум светот со својата елегантност и харизма. Неговата впечатлива појава на филмското платно заслужено го има приматот на водечки актери во Холивуд. Како Пјаџет и тој бестрашно ја носи креативноста во сопствениот уметнички израз и ние сме повеќе од возбудени и му посакуваме топло добредојде во нашето семејство“.

Рејмондс ќе возврати дека и да сакате не можете да најдете поголем бренд со толкава доза на елеганција и креативност, толку безвременска и важна.

Еди Редмејн

Тој не е единствената холивудска ѕвезда од А листата на водечки актери, пред неколку дена од старна на модната куќа „Прада“ го најавија Еди Редмајн за нивно заштитно лице. Фотографиите се на Крејг Мекдин и имаат една цел, а тоа е да направат еден вид римејк на сликите од периодот на неокласицизмот во 19-от век, проследено со назнаки на сомнеж, илузија, копнеж и реалност во исто време.

Објавено:
14 јуни 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
87 пати