Ракометарот Филип Талески стапи во брак – неговата избраничка изгледа божествено

25 јуни 2018

Викендов во Крушево, левиот бек на македонската ракометна репрезентација, Филип Талески, стапи во брак.

Негова избраничка е прекрасната битолчанка Ена Секулоска, која исто така потекнува од спортско семејство.

За нивната регистрација, Ена изгледше божествено во романтична, миди тоалета – уникатен дизајн на нашиот моден бренд Елена Лука, модел кој важи за „Must have" за оваа сезона.

Тоалетата е во комбинација на темно сина и сребрена нијанса, со релјефна текстура, што ѝ дава дополнителен раскош на креацијата. Горниот дел е корсетиран, додека надолу кројот добива суптилна А форма, дизајн што одлично ѝ прилега на убавата невеста. Таа изгледот за оваа посебна прилика, го надополни со суптилен накит и сандали на врзување, што исто така важат за актуелен тренд.

Младенците најавуваат свадба за следната година.

Фото извор: Инстаграм

 

Објавено:
25 јуни 2018
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
2.915 пати