Ray-Ban порачува: Во ред е да се биде несовршен!

25 март 2016

Познатиот бренд за очила Ray-Ban секогаш наоѓа оригинален начин да допре до својата публика. Не е исклучок ниту новата кампања што ја фотографираше Марк Селиџер во Лос Анџелес со хаштаг #Ittakescourage.

Пораката што Ray-Ban ја испраќа со оваа кампања има длабока суштина која вели: во ред е да се биде несовршен!

Оваа кампања се бори против предрасудите и стереотипите во современото општество, а ги охрабрува индивидуалците слободно да се изразуваат онакви какви што се.

Автентичниот пристап во комуникацијата со својата публика, со сигурност е една од причините за долгата традиција на брендот што датира уште од 1937 година.

 

Објавено:
25 март 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
496 пати