Реакции: Шоуто на Џастин Тимберлејк на „Супер Боул“ е едно од најлошите

5 февруари 2018

Долгоочекуваниот настап на Џастин Тимберлејк на полувремето на „Супер Боул“ во Минеаполис требаше да биде трета среќа, но ако судиме по коментарите, тоа не беше така.

Младиот пејачк го имаше својот прв настап на овој спортски спекакл уште во 2001 година со групата „N Sync“. 

Потоа, во 2004 година настапи повторно, овој пат со Џенет Џексон. Тој настап остана врежан во историјата поради инцидентот и откриената брадавица на Џенет. За потсетување, Џастин играјќи и ненамерно успеа да тргне дел од костимот на Џексон и да открие дел од нејзините интимни делови.

Иако сето тоа траеше неколку секунди, сепак остана врежано во меморијата на многумина, а за тоа се зборува и денес.

После 14 години, Џастин повторно имаше шанса да направи спектакл. Ова беше животна шанса, настап кој можеше да го одбележи неговиот живот и кариера. Но, изгледа дека пејачот во големата желба изгоре.

Сите очекуваа дека полувремето ќе биде резервирано за промоција на новиот албум „Man of the Woods“, со оглед дека излезе само три дена пред настанот, како и потсетување на најголемите хитови. Но, Џастин одлучи да ги изненади сите, па всушност настапот го посвети на легендарниот Принц. 

Во еден момент, на огромно платно се појави проекција на Принц, а Тимберлејк на бело пијано (кое со осветлувањето стана виолетово) го изведуваше неговиот хит „I Wolud die 4 U“. 

Пејачот се одлучи на ваков чекор сакајќи да оддаде почит на музичката легенда и тоа во неговиот роден град Минеаполис, каде што и се одржа финалето. Тој сметаше дека тоа ќе биде кулиминацијата на неговиот настап, но излезе дека е најголемата грешка.

Социјалните мрежи веднаш се вжештија. Многумина коментираа дека ваквиот чекор е огромна грешка. Иако познатите ѕвезди, меѓу кои Рис Витерспун, Елен Деџенерис му ја дадоа максималната поддршка на Џастин, оценувајќи го неговиот настап како врвен спектакл, реалната слика е поинаква.

„Секој што макар еднаш проговорил со Принц, го видел, го запознал, ќе знае колку е ова погрешно“, „Грешка е да се прави нешто на што Принц никогаш не би се согласил“, „Принц во моментов се превртува во гроб“, се само дел од коментарите.

За потсетување, во 1998 година, во рамки на едно интервју, пејачот изјави дека се ужаснува од користењето холограми. Иако ова не беше класичен холограм, туку проекција на негов настап, сепак многумина не се согласуваат дека ова беше правилно, дури и не го доживуваат како почит, туку баш напротив.

Потоа, беа упатени критики и на сметка на озвучувањето, како и на тоа дека Тимберлејк многу малку од времето всушност пеел.

Инаку, без тој дел, настапот на Тимберлејк го следеа одлични кореографии, сценографија и уште подобро, спектакуларно осветлување. Пејачот се појави во кошула со потпис на Стела Мекартни.

Штета е што вклучувањето на Принц на ваков начин не било добро проценето, па ова може многу да го чини Џастин, иако не може да се рече дека и тоа не е фантастично осмислено.

Крајот на неговиот настап беше резервиран за песната „Can't stop the feeling“, при што тој појде и до публиката, а најголем впечаток остави малиот Рајан, кој беше комплетно збунет. Медиумите се пошегуваа дека тој воопшто не знаел кој е Џастин и дека во моментот додека тој пеел до него, Рајан го „гуглал“ неговото име.

„Твитер“ е преполн со рекации за момчето. А кога е спортот во прашање, победници на 52-то издание на „Супер Боул“ се „Philadelphia Eagles“, кои ја совладаа екипата на „New England Patriots“.

Во продолжение погледнете го и видеото од настапот на Џастин Тимберлејк.

Објавено:
5 февруари 2018
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
2.057 пати
Извор: 
daily mail