Ренџерската шапка на Фарел Вилијамс ставена на продажба

22 февруари 2014

Поп пејачот и дизајнер, Фарел Вилијамс, одлучи својата славна кафена шапка да ја стави на аукција, а парите од продажбата да ги донира во добротворни цели. Фарел шапката ја објави на познатиот сајт IBej, а моменталната нејзина цена изнесува 10.500 долари и нема сомнение дека сумата допрва ќе расте.

 

Ренџерската шапка на пејачот доби огромна популарност на интернет, а  веќе многумина ја посакуваат за дел од имиџот. Фарел се одлучи парите од продажбата да ги додели во дом за незгрижени деца.

Објавено:
22 февруари 2014
Категорија: 
Актуел