Ричард Гир стана татко на 69 години

11 февруари 2019

Познатиот актер Ричард Гир (69) и неговата сопруга Александра Силва (36) станаа родители на здраво машко бебе, објави шпанскиот магазин Hola!

Ова е нивно прво заедничко дете, а второ на актерот кој е во брак со Александра од април минатата година, а заедно се од 2014 – тата година.

Инаку, и двајцата имаат по едно дете од претходните бракови – Ричард го има синот Хомер кој има 19 години, додека Александра има петгодишен син.

Ричард и Александра сè уште јавно не го соопштија името на нивниот син, а официјално потврдија дека таа е бремена дури минатиот месец, иако многупати досега можевме да ги видиме на разни настани на кои беше впечатливо нејзиното трудничко стомаче.

Radar Online

Неодамна, неговата сопруга објави фотографија на социјалните мрежи од неа и нејзиниот сопруг во друштво на Далај Лама како го благословува нивниот син.

Инаку, актерот е долгогодишен пријател со Далај Лама и постојано се бори за човековите права во Тибет.

Инфо и фото: Daily mail

Објавено:
11 февруари 2019
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.992 пати