Ричард Гир во 69-тата година повторно ќе стане татко

8 август 2018

Холивудскиот aктер  Ричард Гир (68) ќе стане татко непосредно пред неговиот 70-ти роденден. Како пренесува шпанскиот весник „Еј-Би-Си“, неговата сопруга, убавата Алехандра Силва (33) е бремена, а треба да се породи следната година во пролет.

Двојката, после четири години врска, се венчаше во април годинава во Шпанија, откако претходно го прославија моментот со пријателите и семејството во домот на актерот во близина на Њујорк.

„Јас сум најсреќниот човек во универзумот, како можам да не бидам?“, изјави тогаш актерот.

Инаку, и двајцата имаат веќе деца со претходните партнери.

Ричард го има 18-годишниот син Хомер, кој го доби со поранешната сопруга Кери Ловел.

Алехандра пак, кима 5-годишен син, Алберто, од бракот со Говинд Фридланд (син на рударскиот магнат Роберт Фридланд).

Инаку, Гир и Силва се запознале во луксузен италијански хотел што Алехандра го купила со тогашниот сопруг и кој го менаџирала. Во времето кога 33-годишната Шпанка го запознава холивудскиот актер, веќе е во процес на развод со Говинд, по што веднаш започнуваат врска.

 

фото извор: dailymail.co.uk; pinterest.com;

Објавено:
8 август 2018
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
2.189 пати